„Инстаграм“ сега на корисниците им допушта да испраќаат фотографии и видеа преку директни пораки кои исчезнуваат засекогаш откако ќе ги погледне другата личност, пишува „
Индипендент“.
Овој потег на „Инстаграм“ им овозможува на корисниците поголема контрола над пораките што ги испраќаат, но им отвора можност да испраќаат и поинтимни пораки.
За да испратите еднократна фотографија или видео, отворете приватна порака и вклучете ја камерата од телефонот. Потоа снимете фотографија или видео, па одберете ја опцијата „One View“. Таа ќе ви се прикаже на дното од екранот пот копчето „Send“.
Фотографијата и видеото не мора да бидат од еднократна природа. Можете да ги направите достапни во времетраење од 24 часа, но и на неодредено време. Претходно имаше можност фотографиите и видеата кои се испраќаа во директна порака да се погледнат повеќе од еднаш. А потоа автоматски исчезнуваа.
Според пишувањето на „
Тек Кранч“, „Инстаграм“ ги воведе опциите „One View“ и 24 часа во ноември минатата година, додека опцијата за трајно задржување на фотографиите и видеата во разговорите – во јануари годинава.
Имплементацијата на опциите се случува постепено, а до неодамна „Инстаграм“ не објавуваше кога опциите стануваа активни за сите корисници.