X
 27.12.2017 Живот

Подарувањето е нешто во кое се ужива двапати

љубов

„Да им дадеме на другите, сè што е живо во нас - нашиот интерес, разбирањето, нашето знаење, нашиот хумор, сè во нас што е добро. Со тоа ние го зголемуваме чувството на живост во другите и во нас истовремено...

...Кога додаваме, добиваме одредена зголемена виталност на она што значи да се биде човек“, рекол Ерик Фром.

Вистинското дарување доаѓа од истото место внатре во вас од каде што доаѓа и вашата најдлабока среќа. И двете се необјасниво испреплетени. Дарот е нешто во кое се ужива двапати. Прво од страна на оној што подарува, кој ужива во задоволството на подарување нешто на некој за него посебен, и потоа од страна на лицето што ужива во примањето на дарот.

Во овие променливи економски времиња секој бара некој облик на помош. Постојат еднакво многу причини колку што постојат и начини на давање. Некои луѓе даваат поради признание. Тие сакаат да ги видат нивните имиња во медиумите, запишани на јавните места или изгравирани на болничките ѕидови. Други даруваат очекувајќи дека ќе им биде вратено, тие даваат за да добијат. Некои сакаат да даруваат анонимно и не очекуваат никакво признание.

Луѓето што навистина ја совладале уметноста на дарувањето даваат од добрината на нивното срце без никакви скриени мотиви. Дарувањето станува благослов за дарителите и за примателите. Во човечката природа е да се дарува. Великодушноста е избор што произлегува од уверението дека е потребно она што го имаш да го споделиш со другите.

Се прашувате што вие имате да им дадете на другите?

Секој има нешто што носи одредена вредност за другата личност. Тоа може да биде љубезен збор, едноставна насмевка, благодарност, разбирање, поддршка во тежок емоционален момент. Секогаш имаме нешто што можеме да го подариме...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот