X
 30.12.2017 Живот

Најинспиративните претприемачки приказни во 2017 година

1

Секоја успешна претприемачка приказна настанала врз основа на истрајноста. Претприемаштвото не е лесно, а претприемачите поминуваат низ многу тешкотии и испити, но не се откажуваат. Ова се осумте најинспиративни компании за 2017 година.

1. Џек Ма, „Алибаба“

Кога Џек Ма ја основал својата компанија, Кина не била поврзана со интернет, па му биле потребни неколку месеци за да убеди еден хотел дека му е потребна веб-страница. Минатата година компанијата „Алибаба“ имала 547 милијарди долари приход од продажба.

2. Ерик Јуан, „Зум“

Јуан осумпати се обидувал да добие американска виза, па кога конечно пристигнал во Америка, не знаел ни збор на англиски јазик, а да не зборуваме за основање компанија. Што направил? Програмирал и кодирал. Софтверот на неговата компанија за видеоконференции вреди повеќе од милијарда долари.

3. Стеф Кореј и Џен Рубио, „Авеј“


Стеф и Џен на почетокот имале огромен проблем. Планирале лансирање на компанијата „Авеј“, нов бренд за куфери, но немале ниту еден куфер за продажба. Наместо да паничат, отвориле „preorder“ нарачки, објавиле книга за патување/водич и сето тоа го поставиле на социјалните мрежи. Кампањата станала вирална, особено на „Инстаграм“, а до денес продала повеќе од 100.000 куфери.

4. Дејмон Џон, „Фубу“

Основачот и инвеститор Дејмон Џон почна да се споменува во јавноста кога открил дека има рак, оваа година. Тој почнал да ги охрабрува и другите претприемачи повеќе да се грижат за своето здравје. „Сфатив дека сакам луѓето да ме видат во акција и како ги работам вообичаените работи, без рак“.

5. Дон Халфакер


Дон мислела дека никогаш повеќе нема да најде работа откако ја изгубила раката додека служела во војска. Но, ја основала софтверската компанија „Халфакер енд Асосиетс“ и активно почнала да вклучува воени ветерани-инвалиди.

6. Тереза Такер, „Блеклајн“

Такер ја зела својата заштеда и како разведен родител на две деца ја лансирала софтверската стартап-компанија. Поминала неколку години обидувајќи се да ги убеди големите корпорации да ја купат нејзината технологија, а денес нејзината компанија вреди над 1,5 милијарда долари.

7. Брин Мусер, „Рајот филмс“

Мусер е коосновач на компанијата „Рајот филмс“, која произведува медиумски формати како што се виртуелната реалност и видеата од 360 степени. Тој почнал да размислува за трансформативна технологија додека работел за Мировните сили како волонтер во Африка.

8. Рејчел и Енди Берлинер, „Ејмис кичен“


Компанијата „Ејмис кичен“ е насочена кон квалитетна вегетаријанска храна. Вреди околу 500 милиони долари.

9. Џејмс Алефантис, „Комет пинг-понг“

Алефантис никогаш не помислил дека неговата пицерија ќе биде центар на политички скандал кога излезе теорија на заговор дека Хилари Клинтон води трговија со деца токму во неговата пицерија. Наместо да ја затвори пицеријата, Џејмс добил максимална поддршка од локалното население.

10. Хајден Слатер, „Пресд Џусери“

Слатер доживеал повик на будење кога Администрацијата за храна и лекови му наредила да го затвори бизнисот поради неконзистентни температури. Тој успеал да собере 50.000 долари од пријателите и од семејството за да купи фрижидери и денес неговата компанија е име што може да се најде во секое домаќинство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот