X
 17.01.2022 Забава

Паб во кој гостите плаќаат по 2 евра секогаш кога ќе го кажат зборот ковид

Еден паб во Ирска одлучи да им наплаќа на гостите за секое споменување на коронавирусот и пандемијата.

Имено, на шанкот ставиле пластична чаша во која гостите треба да стават 2 евра секогаш кога ќе го кажат зборот ковид.

Кристофер Мур, менаџер на „Алт Бар“, изјави дека на овој начин досега се собрани 280 евра, а целиот приход ќе биде дониран во локалната болница во Донегал.

- Додека ги послужуваме гостите и стоиме на нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што зборуваат. Што и да почнеме да зборуваме, темата секогаш се префрла на вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за вообичаени работи - вели Мур.

Во барот е почната и кампања на „GoFundMe“.

- Сѐ почна како забава и се претвори во одличен начин да се соберат средства за болните. Собираме пари за да ѝ помогнеме на болницата „Донегал хоспис“ и секоја донација ќе биде од помош - напишаа вработените во барот.

Мур вели дека сега гостите се обидуваат да ги „измамат“ своите пријатели, па тоа стана еден вид игра и забава.

- Сега сите зборуваат за други работи. Ќе забележите дека луѓето повторно зборуваат за времето. Не е лошо да издвоите еден или два часа за да се смирите и да не зборувате само за пандемијата - додава тој.


Извор: b92.net
Фото: Alt Bar/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава