Од први февруари АД Пошта на Северна Македонија ќе применува нови цени за поштенските услуги во внатрешниот поштенски сообраќај, соопшти Агенцијата за пошти по нивното одобрување.
Така, од следниот месец испраќањето стандардизирано писмо до 50 грама ќе чини 36 денари, исто колку што ќе чини и нестандардизираното. Испраќањето препорачано писмо до 50 грама ќе чини 90 денари, а испраќањето вредносно писмо ќе чини 126 денари.
Испраќањето стандардизирана картичка до 50 грама ќе чини 16 денари, а препорачаната 70 денари.
Нестандардизирано писмо кое тежи од 50 до 100 грама ќе може да го испратите за 48 денари, додека за испраќање нестандардизирано писмо со тежина од 100 до 250 грама ќе треба да платите 60 денари.
Истовремено, се намалуваат цените за испраќање гломазни писма, па за да испратите писмо кое тежи од 250 до 500 грама, ќе треба да платите 80 денари, за писмо со тежина од 500 до 1.000 грама, ќе треба да платите 128 денари, а испраќање на писмата со тежина од 1.000 до 2.000 грама ќе ве чини 176 денари.
ТУКА можете да го видите ценовникот.