X
 18.08.2023 Економија

Како топлотните бранови влијаат врз растот на цените?

Топлотните бранови предизвикуваат штета и ги уништуваат посевите ширум светот. Ова ја прави храната помалку достапна и поскапа.

Според Светската банка, растечката несигурност во производството и дистрибуцијата на храна се заканува да турне милиони луѓе во сиромаштија. Европската агенција за заштита на животната средина објави дека минатогодишните суши во Европа им предизвикале големи загуби на земјоделците.

Приносите на пченката паднаа за 25 отсто, додека производството на соја, која главно се користи како добиточна храна, падна за 10 отсто. Приносите на пченица и ориз во Италија беа за 30 отсто пониски во 2022 година. Минатата година Италија беше погодена од најтешката суша во последните 70 години. Пченицата, пченката и оризот сочинуваат речиси половина од вкупниот глобален синџир на снабдување со храна.

Секоја од овие култури е загрозена од екстремно високи температури. Светската банка објави дека глобалните цени на храната пораснале за 17 отсто минатата година.

Експертите посочуваат дека минатогодишните високи температури во Индија довеле до намалено производство на пченка за 10 отсто. Цените на свинското месо во Кина се зголемиле поради страв од намалени приноси поради високите температури.

Се проценува дека секој трет човек во светот е погоден од проблемите во приизводството на храна. Посебно се погодени жените и луѓето во руралните средини. Речиси 40 отсто од глобалното население во 2021 година не можело да си дозволи здрава исхрана.

Експертите сметаат дека споменатите проблеми може да се решат со поголем биодиверзитет, а тоа подразбира и одгледување култури кои ќе бидат поотпорни на високи температури.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија