X
 10.11.2023 Здравје

Направена е првата трансплантација на око во светот

Хирурзи од Њујорк ја направиле првата трансплантација на цело око во светот, иако сѐ уште не се знае дали пациентот ќе може да гледа преку донираното око.

Процедурата вклучувала отстранување дел од лицето и целото лево око со вените и нервите на донорот и имплантирање на окото во пациент кој доживеал силен електричен шок во 2021 година.

Пациентот Ерон Џејмс (46) се здобил со сериозни повреди, вклучувајќи и загуба на левото око, долниот дел од левата рака, носот, усните, предните заби и левиот дел од образот и брадата.

Трансплантацијата на цело око долго време се смета за свет грал на медицинската наука. Научниците имале одреден успех при операции на животни, во кои делумно бил вратен видот, но никогаш не била спроведена трансплантација на око кај човек.

Џејмс, чие десно око е здраво, се сметал за идеален кандидат бидејќи веќе бил подложен на други трансплантации на лицето и земал соодветни лекови, па обидот за трансплантација на окото бил без ризици.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје