X
 03.06.2024 Живот

Студент ја пресметал просечната брзина на возовите во Европа: Која балканска земја има најбрзи возови?

Деновиве на социјалните мрежи се шири инфографикон создаден пред неколку години кој ја покажува просечната брзина на возовите во европските земји.

Податоците ги собрал и ги обработил Ростислав Пејша, студент од Чешка, и иако не станува збор за официјално истражување, податоците се интересни. Имено, студентот ја пресметал просечната брзина на возот земајќи официјални податоци на националните железници за брзината со која возовите се движат меѓу најголемите градови во одделни земји.

- Го зедов најголемиот град во секоја земја и ги најдов најбрзите железнички врски за следните пет најголеми градови во секоја земја. Просечната брзина ја пресметав според растојанието и времето - објаснува студентот.

Од 35 европски земји, Хрватска е на 30. место со просечна брзина од 58,2 километри на час. Најбавни се возовите во Албанија, а нивната просечна брзина е 27,6 километри на час. Но, Албанија почна да ја гради железничката мрежа по Втората светска војна. По 1991 година Албанија почна да ја занемарува, со што патниот сообраќај почна да се развива на сметка на железничкиот сообраќај. Дополнително, големиот земјотрес што ја погоди Албанија во 2019 година предизвика дополнителна штета на железничката инфраструктура, па денеска повеќето линии се надвор од сообраќај, додека возовите што се во функција сообраќаат „панорамски“.

vozovi
Фото: Maps on the web

Помеѓу Хрватска на 30. место и Албанија на 35. место се Луксембург (просечна брзина 55,7 километри на час), Босна и Херцеговина (54,5 километри на час), Србија (54,3 километри на час) и Македонија (53,1 километри на час).

Патничките возови најбрзо сообраќаат во Шпанија (199,4 километри на час) и Франција (195,9 километри на час). Меѓу петте земји со најголема просечна брзина на возот се Италија (169,9 километри на час), Германија (141,6 километри на час) и Велика британија (134,4 километри на час.

Од соседните и поблиските земји со кои имаме воспоставено железнички линии, Словенија е на 27. место (71,9 километри на час), Унгарија на 24. (83,7 километри на час), Швајцарија на 10. место (102,2 километри на час), а Австрија на 8. место (106,8 километри на час).

Извор: n1info.hr
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот