X
 02.11.2018 Живот

Јапонски работници клекнати меѓу шини „ја чувствувале брзината на ветрот“

Јапонската железничка компанија „Западна јапонска железница“ престана да спроведува безбедносна вежба за своите механичари во склоп на која од нив се бараше да чучнат во тунелите каде минуваат возовите за да „ја почувствуваат брзината на ветрот“.

Механичарите-стажанти морале да клекнат во едниот од тунелите низ кои минуваат возовите во еден метар длабок и еден метар широк ров меѓу два пара шини за да, како што објасни портпаролот на компанијата, можат да ја почувствуваат брзината на ветрот кој се создава кога поминуваат јапонските супербрзи возови.

Во тие вежби досега учествувале околу 240 механичари, а вежбите некогаш траеле и по 20 минути.

Компанијата оваа пракса ја вовела во 2016 година, меѓутоа оваа година ја укинала поради притисокот од синдикатот. Вежбата е воведена откако во 2015 година од еден воз испаднал метален дел. Тогаш се сметало дека за несреќата придонеле лабавите винтови. Компанијата сакала да ги подобри инспекциските способности на своите работници и да ја подигне нивната свест за безбедноста.

Синдикатот на вработени во компанијата истакна дека од минатата година до денес осум пати барале компанијата да прекине да ја спроведува таа безбедносна вежба. Членовите на сииндикатот се пожалиле дека во текот на вежбите може да се повредат и дека прашината на која се изложуваат би можела да им наштети.

Јапонските медиуми пишуваат дека работниците кои учествувале во вежбата рекле дека таа е затрашувачка и дека при изведувањето се чувствувале како некој јавно да ги камшикува.

-Притисокот од ветрот беше огромен. Се чувствував како некој да ме притиска од горе и беше многу страшно. Се прашував дали таквата вежба има смисла - објснува еден од учесниците.

Од компанијата велат дека притисокот од надвор не бил причината за прекин на вежбите и дека ќе воведат нова вежба. Нивните вработени сега ќе ги набљудуваат возовите стоејќи надвор од тунелот, зад ограда.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот