Кинската компанјиа ЦСР која ги произведува возовите, согласно Договорот за набавка ја произведе првата троделена патничка електро-моторна гарнитура (ЕМУ) наменета за потребите на МЖ Транспорт АД.
Договорот кој се потпиша во 2014 година, опфаќа набавка на 6 патнички гарнитури на возови од кои 4 се дизел-моторни троделни парнички гарнитури (ДМУ) и 2 троделни електоро- моторни гарнитури (ЕМУ).
“ Денеска е значаен ден за Република Македонија. За прв пат од независноста на државата успеваме да набавиме нови патнички возови. Најавите од пред неколку години, денеска станаа реалност. Првиот од вкупно шестте патнички возови што ги набавуваме е веќе произведен. Компанија ЦСР се погрижи да ги запази роковите и за тоа сум им многу благодарен. Другите пет возови треба да се произведат во договорените рокови и очекувам дека во Македонија ќе се испорачаат согласно договорот”, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Патничките гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја гарнитура од околу 200 патници), ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.
Првиот ултрамодерен воз за македонските пруги.
Posted by Vlado Misajlovski on Tuesday, July 7, 2015
Истите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат произведени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.
Погледнете како изгледаат новите возови