Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на склучени бракови во 2017 година изнесува 13.781. Во споредба со претходната година е зголемен за 4,4 отсто. Најголем дел од нив биле склучени во август (1.771), додека март е месец кога луѓето ретко склучуваат бракови (само 764).
33,2 отсто (4.570 бракови) од жените склучиле брак на возраст од 20 до 24 години, додека најголем дел од мажите склучиле брак на 25 до 29 години, односно 37,9 отсто (5.222 бракови). Со тоа, просечната возраст при склучување прв брак кај жените е 26,6 години и 29,3 години за мажите.
Разводи
Разводите во Република Македонија бележат зголемување од 0,5 отсто во споредба со 2016 година. Во 2017 година 1.994 брачни парови се одлучиле за развод. Зимата е најчестиот период кога Македонците се разведуваат, односно декември, со 224 разводи, а август е месецот кога се забележани најмал број разводи (42).
Најголем број
разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години (387 за мажите и 356 за жените).