До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Заболено е и девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објави дека во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, а тестовите се направени во рамките на скринингот.
Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните. Вкупниот број на заболени во Македонија е 48.
И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.
Во моментов се тестираат 35 лица.