Државен службеник од Аугсбург, град во германската сојузна држава Баварија, бара 220.000 евра за вкупно 4.933 часа прекувремена работа во последните 30 години. Градот засега го истражува случајот.
Станува збор за раководител на градежниот оддел во градот, Герд Меркле, кој се повикува на договор со работодовецот од 2004 година. Според него, општинските службеници треба да имаат можност да ја соберат прекувремената работа за порано да отидат во пензија. Но наместо тоа, 63-годишникот бара исплата од 220.000 евра.
Тогашниот градоначалник Пол Венгерт, кој го потпишал договорот, изјавил дека барањето го смета за апсурдно.
- Сигурно не би добил плата од мене. Би морал да тужи на суд - изјавил Венгерт.
Поранешниот градоначалник открил и дека Меркле и претходно барал исплата за прекувремена работа од 2004 до 2008 година.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay