Тест-летот во јануари 2018/ Фото: Rocket Lab
Американската вселенска компанија „Рокет лаб“ објави дека овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета од погонот за лансирање на новозеландскиот Северен Остров.
Погонот на полуостровот Махиа во Нов Зеланд е првиот приватен објект за лансирање. Ракетата со должина од 17 метри ќе биде лансирана на 20 април или најмногу две недели подоцна, се вели во соопштението од компанијата.
„Ова е единствената мала вселенска компанија што ќе достигне до орбитата и ќе го исполни своето ветување за пристап до малите сателити“, вели основачот Питер Бек, додавајќи дека можат да поставуваат сателити во орбитата на секои 72 часа, а тоа е клучно за пазарот на малите сателити.
Лансирањето следува по тест-летот на „
Рокет лаб“ што се случи во јануари кога три мали комерцијални сателити беа поставени во орбитата на Земјата. Новата ракета ќе може да лансира сателити со тежина до 150 килограми што ќе бидат наменети за комуникација и фотографии.