X
 17.05.2024 Наука

Астероидот што експлодира над Берлин беше најбрзовртечката вселенска карпа некогаш забележана

Астероидот што ја проби атмосферата над Германија во јануари се вртеше побрзо од кој било друг објект блиску до Земјата досега забележан, покажува новото истражување.

Вселенската карпа, наречена 2024 BX1, се претвори во огнена топка и експлодира над Берлин во раните утрински часови на 21 јануари.

Но, ова не е единствениот начин на кој 2024 ВХ1 бил невообичаен, според истражувањето објавено во базата на податоци на 5 април. Истражувачите сметаат дека астероидот, кој патувал 50.000 километри на час, ротирал еднаш на 2,6 секунди, што е најбрзо вртење некогаш видено кај астероид.

Претходно рекордот за најбрзо ротирачки астероид го држеше летечката карпа наречена 2020 HS7, која покажа период на ротација од 2,99 секунди. Тој астероид беше со дијаметар од 4 до 8 метри, што е поголем од 2024 ВХ1.

vselena
Фото:Devogèle et al. (2024)

Астероидите се вртат поради неколку причини, како што е враќањето назад во вселената по судир. Бидејќи се покомпактни, помалите астероиди имаат тенденција да се вртат побрзо од поголемите.

- Тие имаат внатрешна сила, така што можат да ротираат побрзо - изјави главниот автор Максим Девогеле, физичар од Универзитетот во Централна Флорида кој работи со Европската вселенска агенција.

Извор: Space.com
Фото: European Space Agency
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука