X
 17.06.2022 Живот

Мате Римац откри што значат табличките на првата регистрирана „невера“

Мате Римац ја објави првата регистрирана „невера“ и откри што значат нејзините регистарски таблички.

Еден од неговите следбеници го праша дали буквите НМ на таблиците значат „Невера Матина“. Римац одговори дека нивното значење е „2360 Newton-metre“ (Њутнметар), на што интернет-корисниците му одговорија дека е навистина оригинално.

nevera
Фото: Screenshot/Facebook

- По 6 години развој, над 1.000 луѓе вклучени во проектот, 17 произведени прототипови, 45 краш-тестови, 9 уништени автомобили за време на краш-тестовите и илјадници други тестови, денес регуларно е регистрирана првата „невера“. Засега, во Хрватска, а наскоро и во многу други земји. Ќе биде интересно да се види наскоро со таблици од Монако, Велика Британија, САД, Германија, Јапонија, Канада итн. - напиша Римац.



Извор: Index.hr
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот