X
 17.07.2017 Живот

Што може да се научи од животот на Бил Гејтс?

На 31 година Бил Гејтс станува најмладиот милијардер во светот, а на 39 - најбогатиот човек на планетата. Кои се најважните чекори што ги презел и кои пречки ги надминал за да стигне до врвот?

Гејтс имал невообичаен спој на околности, семејство, среќа, лични квалитети и совршен тајминг кога го обликувал својот пат. Од 8 години имал пристап до компјутер на училиште, каде што научил да програмира и тоа во време кога компјутерите беа луксуз. Оваа можност многу му помогнала за неговата амбиција.

Слично како и оние како него, тој не престанува да работи и по 16 часа на ден, но не го запоставува ни учењето. Тој е познат по тоа дека чита една книга неделно и верува дека тоа го подобрува начинот на кој размислува.

Среќата исто така играла голема улога во неговиот живот. Тој го запознал Пол Ален уште додека бил тинејџер, а работел и со Стив Џобс, кој го инспирирал да го создаде „Виндоус“. Сепак, како што вели тој, и среќата, и околностите, и тајмингот играат важна улога и не можете сами да ги контролирате. На крајот станува збор за тоа дали сте подготвени нештата да ги примените на себе и дали ќе ги искористите можните фактори во ваша корист.

Како дете кое сакало да полемизира, родителите го охрабрувале да се натпреварува. Веќе на 13-годишна возраст бил хакер, а пропуштал и часови по математика за да ја следи својата страст. Поради хакерството, бил исклучен од училиштето, но потоа добил задача да направи програма за распоред на ученици по одделенија.

Гејтс студира на „Харвард“, од каде што подоцна се откажува за да отвори компанија, а во меѓувреме продава еден програмски јазик. Кога го запознава Стив Џобс, добива задача да направи софтвер за „Епл“ и го најавува „Виндоус“, чие создавање сѐ уште не го започнал.
Практично, тој ја кради идејата на Џобс и на 31 година станува најмладиот милијардер на светот. Дури потоа добива диплома од „Харвард“.

Гејтс
продолжува да финансира проекти во училишта, има и богатство, но не се расфрла со парите, туку ги наменува и за сиромашните. Поседува 3 куќи и еден авион.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот