Во летните месеци се почести инфекциите добиени од бактерии при капење во базени. Најчести причинители се стафилококус ауреус, псевдомонас аеругиноса, ешерихија коли и други фекални бактерии, како и бактерии од родот салмонела, а не помалку важни се и вирусите и габичките. Педијатри истакнуваат особено да се внимава со домашните базени, без разлика на тоа колку се мали или големи. Тие треба редовно да се чистат и редовно да се менува водата во нив. Тие советуваат и кога се избира голем базен за капење, родителите да научат како се одржува и дали соодветно се хлорира водата. Микробиолозите, пак, советуваат како да се однесуваме надвор од водата.