На лего-фанатиците им е дадена шанса да ја работат работата од соништата: да градат лего-модели по цел ден и да добиваат плата за тоа.
Леголенд во Бирмингем бара двајца помошници-мајстори за градење модели кои ќе ја инспирираат следната генерација градители.
Потенцијалните кандидати за двете позиции ќе се натпреваруваат на натпреварот „Брикфактор“ за откривање на најдобрите градители преку серија темпирани предизвици.
- Ова е работата за секој кој сака да игра и да биде креативен, особено со лего-коцки, бидејќи каде на друго место би ви платиле за да го ослободите вашето внатрешно дете и да играте со лего цел ден, создавајќи неверојатни структури? Вистинскиот кандидат треба да има добро око за детали и креативност за да ги оживее нашите следни мини-креации. Дефинитивно, ова е најдобрата можност за работа на која ќе наидете, па не пропуштајте ја вашата шанса и аплицирајте да станете следниот помошник-мајстор за градење лего-модели - вели генералниот директор на Леголенд, Ејми.
Потенцијалниот кандидат не само што ќе помогне да се создадат повеќе од овие неверојатни дела, вклучително и конструкции за специјални пригоди за Ноќта на вештерките, Божиќ и други празници, туку и ќе комуницира со гостите за да им помогне и тие да ја создадат својата имагинација и да направат интересни структури од лего.
Аплицирањето е до 27 август и тоа можете да го направите
ТУКА.
Извор:
Legolanddiscovery.com
Фото: Freepik