Се криевме во сопче од пет квадратни метри, место кое е најбезбедно засолниште во вакви ситуации. Сопчето го средив, внатре ставив ќебиња, перници, им објаснив на децата зошто го правам тоа, им зборував да не се плашат, дека јас и татко им ќе направиме сè за да ги заштитиме, вели Ирена.
Низ вистински пекол изминативе денови поминале Ирена Бензакен и нејзиното семејство во Северна Каролина, САД, додека монструозниот ураган „Флоренс“ уништуваше сè пред себе. Додека ураганот пустошеше во американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, Ирена, нејзиниот сопруг Франк и нивните две дечиња Давид и Емануел биле засолнети во сопче од пет квадратни метри во нивната куќа, чекајќи и молејќи се најлошото да помине.
Продолжението прочитајте го на Деца.мк