X
 17.09.2023 Живот

Мрзливоста е добра за вас - луѓето со долг животен век не работат премногу

Замислете да го подобрите вашето здравје и да го зголемите животниот век без строга диета, без рутина за вежбање, скапа храна, суплементи или апчиња.

Авторот Ден Бутнер вели дека го нашол, и тоа не еднаш, туку петпати, во таканаречените сини зони каде што луѓето имаат долг животен век и добро здравје.

Неговата теза за сините зони е дека овие луѓе не се здрави сами по себе и тие не работат многу напорно за да останат здрави во текот на нивното стареење.

Наместо тоа, тие се насочуваат кон здравиот начин на живот. За некој „необучен набљудувач“, тие може дури и да изгледаат мрзливи, дремнувајќи и прескокнувајќи енергични физички активности. Но, нивната околина е поставена на тој начин што дозволува благосостојбата да се случува случајно.

- Причината поради која тие живеат долго не е затоа што се стремат кон долговечноста, туку долговечноста произлегува од нивните секојдневни активности - вели тој.

Луѓето се опуштени, но не и летаргични

Луѓето што живеат во сините зони не се мрзливи. Тие прават работи што се добри за нивните тела, нивниот мозок и нивното расположение, во текот на целиот ден. Но, не го сфаќаат тоа.

Јадат зеленчук, житарки и мед, така што нема многу простор за преработена храна или шеќери. Поминуваат време со саканите, имаат некаква цел во животот и го контролираат стресот. Пешачат наместо да возат автомобили, едноставно затоа што живеат во ридско-планински места или затоа што им е скапо да се возат со автомобил. Долговечноста за нив е лесна затоа што е органски вметната во нивниот стандарден избор.

- Тоа е производ на вистинската средина и таа средина ги поттикнува да се движат на секои 20 минути, да јадат главно цела храна, растителна исхрана и повеќе да се дружат. Обрнете внимание на местата во светот каде што животниот век е подолг и копирајте го нивното однесување - вели Бутнер.

Еве неколку едноставни примери од сините зони.

Селото Агиос Кирикос на островот Икарија, Грција

На овој остров, кој се наоѓа на средината на патот меѓу Грција и Турција во Егејското Море, луѓето научиле да јадат локална храна затоа што со векови морале. Островот нема природни пристаништа. Нивните билни чаеви направени од жалфија и рузмарин се богати со соединенија кои го зајакнуваат здравјето, нивниот сиров мед никогаш не се вари, оставајќи ги биоактивните соединенија во пчелниот полен непроменети. И ако го прашате 88-годишниот Васо Парикос кој чај го препорачува да се пие секојдневно, тој ќе ви рече виното. Често Икарците пијат само една или две чаши со вечерата, и тоа во добро друштво. Дури е можно да постои нешто уникатно во начинот на кој нивното вино, нивните билки и нивната исхрана се спојуваат, што го прави сето тоа покорисно за нивното здравје.

Лома Линда, Калифорнија

Надвор од Лос Анџелес, раздвижената заедница на адвентисти живее во единствената сина зона во Америка. Приоритет им е здравата храна, како јаткасти плодови, зеленчук и грав, и генерално не консумираат месо и не пијат алкохол. Тие го направија овој здрав начин на живот лесен за следење со споделување вечери во црква и отворајќи самопослуга со многу основни производи, како цели зрна и свежи производи, но без месо.

Сардинија, Италија


На овој голем медитерански остров луѓето „вежбаат“ така што пешачат. Стрмните градови изградени на ридот ги прават вежбите за подвижност секојдневен дел од животот, на ист начин како што грижата за градините и традиционалното седење на подот во Окинава, Јапонија, им помага на старешините да бидат подвижни, силни и ангажирани. По работа овие луѓе уживаат во попладневна дремка за да се релаксираат, а потоа излегуваат да се дружат и да танцуваат со пријателите.

Извор: Business Insider
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот