X
 18.08.2017 Живот

Најстарите луѓе на светот ги откриваат тајните на долговечноста

Која е тајната за долг и среќен живот? Па, одговорот зависи од тоа кого прашувате. Сите го бараме најдобриот начин како подолго да останеме живи и здрави. За порталот Marie Claire група најстари луѓе на светот ги открија тајните на својата долговечност.

Вајолет Мос-Браун, 117 години

Позната како Тетка В, госпоѓата од Јамајка коментира дека всушност јаде и пие сè освен свинско и пилешко месо и рум.

Мисао Окава

До својата смрт во 2015 година беше најстарото лице во светот со своите фантастични 117 години. Секогаш истакнувала дека клучот за виталност и долг живот е во суши, опуштање и спиење по 8 часа секоја ноќ.

Ема Морано, 115 години


Госпоѓата од Италија смета дека доживеала ваква возраст поради консумирањето сирови јајца и поради тоа што немала маж во својот живот. Најстарата жителка на Европа почнала да консумира живи јајца уште како адолесцентка затоа што лекарот ѝ ги препорачал за анемијата. Порано јадела по три на ден, а последните неколку години само по две. По неуспешниот брак кој завршил во 1938 година, Морано истакнува дека имала неколку врски, но никогаш не се премажила. „Не сакав никој да управува со мојот живот“, коментира таа.

Сузана Машет Џонс, 115 години

Која е тајната да се доживеат 115 години? Сланина и живот без деца. Џонс објаснува дека секое утро јаде сланина, а бидејќи никогаш немала деца, на своите внуки им го платила школувањето.

Флоси Дики, 110 години


Една од најстарите жителки на светот, вели: „Не знам, не се борам. Јас живеам“. Оваа бабичка е позната и по видеата што се објавени на јутјуб-каналот, каде што често ја гледаме како сериозна и нерасположена. Нејзини омилени активности ѝ се одморањето и спиењето.

Агнес Фентон, 110 години

Таа е од Њу Џерси и никогаш немала деца. Истакнува дека за својата возраст може да му заблагодари на тоа што секој ден пие по три лименки светло пиво и чашка „џони вокер“. Но, во последните неколку години пие помалку затоа што ѝ се намалила желбата.

Џеси Галан, 109 години

Најстарата жена во Шкотска исто така поголемиот дел од животот го поминала сама, без сопруг, и консумирала слична храна. „Мојата тајна за долг живот е стоењето настрана од мажите. Тие носат само неволји, а не се вредни за тоа. Исто така, секогаш вежбав многу, секое утро јадев мала порција каша и никогаш не се омажив“, објаснува Галан.

Елизабет Саливан, 104 години


Оваа госпоѓа од Тексас објаснува дека доживеала длабока старост и покрај тоа што секој ден пие по три лименки газирани пијалаци од „Д-р Пепер“. „Секој лекар ми велеше дека тоа ќе ме убие, но тие умираат, а јас не. Значи, дека има некаква грешка“, коментира таа.

Флоренс Бирс, 100 години

Според Флоренс, секој може да доживее 100-ка. Објаснува дека таа успеала во тоа затоа што секој ден пие по чаша вино и не јаде салами. „Го сакам виното, не земајте ми го тоа“, вели Бирс.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот