X
 17.11.2018 Живот

Десет грешки кои ги прават мајките во одгледувањето ќерки

Психологот Михаил Лабкоски зборува за главните грешки кои ги прават многу мајки. Односот мајка-ќерка е еден од најсериозните во животот на секоја жена. Начинот на кој мајката се однесува со девојчето во раното детство и подоцна во периодот на растење влијае на нејзината понатамошна судбина.

1. Отсуство на личен пример

Наместо на својата ќерка да ѝ кажете: „Мораш да научиш да готвиш“, треба да ѝ кажете: „Ајде заедно да направиме вкусна супа“ и да го направите тоа. Кога девојчето ќе види дека мајката го прави тоа со задоволство, тоа исто така ќе посака да го научи тоа.

2. Осудувачки став кон сексот

Ако од детството на девојчето му се сугерира осудувачки став кон машкиот пол дека „на нив им треба само едно“, тоа ќе порасне со чувство дека сите мажи се насилници и дека сексот е одвратен.

3. Парадоксална противречност

Сексот е гадно нешто, но на секое девојче му се сугерира да се омажи и да роди дете и тоа е пожелно да се направи до 25 години. Резултатот на таквите противречни насочувања е страв од секаков однос.

4. Пренагласена грижа

Ако во детството мајката премногу се грижи за ќерката, таа ќе израсне во личност без сопствено мислење со која околината може да манипулира без никакви проблеми.

5. Негативно зборување за таткото

Ако на ќерката постојано ѝ се вели дека татко ѝ е „будала“, девојчето се чувствува виновно што таков човек е нејзин татко. Со ова чувство на вина жената не може да се носи целиот живот, се обидува да им угоди на другите и да докажува дека во нејзе нема лошо наследство.

6. Физичко насилство

Физичкото казнување ги понижува девојчињата уште повеќе отколку момчињата.

7. Недоволно пофалби

Ако недоволно го фалат девојчето, тоа ќе порасне без љубов кон себе и нема да може да биде рамноправен партнер во односите.

8. Кавги пред детето

Кавгите во присуство на детето се удар на неговото ментално здравје. Не треба да се заборави дека детето често презема одговорност за се што се случува во фамилијата.

9. Отсуство на комуникација

Ако со девојчето се разговара малку, не се одговара на нејзините глупави прашања, особено во адолесценцијата, таа губи контакт со родителите и се чувствува напуштено. Разговорот е нешто што никогаш не е доволно кога станува збор за одгледување на деца.

10. Животни правила

Не смее да му се зборува на девојчето дека нејзиниот живот задолжително треба да содржи некои нешта: брак, деца, губење на тежина, некоја одредена работа... На детето треба да му се сугерира дека има право да се занимава со што сака. Само во тој случај ќе израсне во жена која е сигурна во себе и среќна.

Фото: Profimedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот