X
 17.11.2023 Здравје

Нова паста за заби ја третира алергијата на кикиритки

Алергијата на кикиритки може да предизвика сериозни и опасни реакции. Таа се појавува кога имунолошкиот систем погрешно ги идентификува протеините во кикиритките како опасни и поттикнува алергиски напад.

Оваа алергија е една од најчестите кога станува збор за храната. Се проценува дека околу 2,9 отсто од населението на САД ја има оваа алергија. Сега, научниците создадоа паста за заби која користи вид имунотерапија за да ги намали шансите за реакција на алергија на кикиритки.

Пастата за заби остава мали количини екстракт од алергенот во мукозната мембрана во устата. Се верува дека овој третман предизвикува имунолошки промени кои создаваат толерантност на алергенот, а со тоа се одбегнува реакција.

Истражувачите направиле експерименти на 32 учесници со алергијата, од кои две третини ја користеле пастата, а другите користеле плацебо, во период од 48 недели. Сите учесници што ја користеле пастата развиле толерантност на кикиритки, а негативните ефекти се минимални, како чешање во усната шуплина.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје