X
 31.03.2015 Технологија

Како е да се биде алергичен на Wi-fi?

Луѓето може да бидат алергични на електромагнетни бранови. Дафна Таковер, 42-годишна адвокатка која живее во Ерусалим и Њујорк е чуствителна на електромагнетни бранови последните пет години.


Таа користи технологија, се' додека не е безжична. Таа користи компјутер, интернет кој се пренесува преку жица, а за мониторот на компјутерот има специјален екран кој ги намалува електичните полиња. Опциите за „Wi-fi“ и „Bluetooth“ на компјутерот се оневозможени. Таа нема мобилен телефон дури ни за итни случаи. Таа никогаш немала смартфон. Таа е алергична на „Wi-fi“, но не и технологијата.

Таа ги забележала првите симптоми во 2009 година кога купила нов преносен компјутер. Кога го отворила почувствувала дека нешто не е во ред. Нејзините прсти започнале да треперат. Кога погледнала во екранот почувствувала притисок во срцето. Се чувствувала жешко во близина на компјутер, а се смирувала кога е далеку од него.

Таа го заменила компјутерот со нов, но проблемите не исчезнале. Пред да ја открие алрегијата, таа користела компјутери речиси постојано. Дафна посетила кардиолог и открила дека нема никакви проблеми со срцето. Кога започнала да добива главоболки во близина на електромагнетни бранови посетила и невролог, каде и' било кажано дека се' е во ред со нејзината глава.

Кога нејзиниот личен лекар и' кажал дека таа е алергична на електромагнетни бранови, таа не можела да спие. Одлучила да се врати во родниот крај за да се смири. Болката продолжила. Таа патувала во Грин Бенк, гратче кадешто се забранети безжичните сигнали. Таму се запознала со повеќе луѓе како неа, работела на фарма и се грижела за животни. Започнала да се чувствува подобро.

Таа подоцна решила да му се врати на „нормалниот“ живот. По многу тешки години, сега таа живее сама, речиси без социјален живот бидејќи е приморана да седи во својот дом речиси постојано. На нејзината влезна врата стои знак за „Забранети телефони“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија