X
 20.06.2023 Економија

Никој не се пријавува за работа со плата од 9.000 евра во германски град

Германскиот град Штоках бара градоначалник. Иако нудат плата од 9.000 евра, градот не може да најде соодветен човек за функцијата.

Кој ќе биде наследник на актуелниот градоначалник на Штоках, Рајнер Штолц? Одговорот на ова прашање нема да има до изборите на 15 октомври или до вториот круг гласање. Но, веќе е во тек активната потрага на соодветни кандидати за градоначалник.

Најавата на градоначалникот Штолц дека ќе го заврши четвртиот мандат две години пред истекот предизвика голема бура во Штоках. Штолц како причина за неговото повлекување ги наведе здравствените причини.

- Откако двапати ми беше дијагностициран коронавирусот, мојата здравствена состојба веќе овозможува лесно да можам да го одржам темпото што го бара оваа работа. Затоа, по 30 години во Штоках и речиси 50 години во јавна служба, сега е време прво да размислувам за сопственото здравје - изјавил Штолц.

Германските медиуми пишуваат дека сè уште никој не се пријавил за оваа позиција иако месечно би заработувале околу 9.000 евра.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија