X
 27.03.2018 Здравје

Анксиозноста и нарушувањата во исхраната одат рака под рака

Нарушувањето во исхраната и анксиозноста многу често одат рака под рака. Дури две третини од луѓето со нарушување во исхраната патат од анксиозност. Најсилна врска со општите нарушувања во исхраната има опсесивно-компулсивното нарушување, додека луѓето со посттрауматско стресно нарушување (ПТСП) се склони кон булимија. Врската меѓу анорексијата и нарушувањето во исхраната се уочува кај луѓе со разни нарушувања во исхраната, булимија, анорексија или нарушување со прејадување, кои така ги искажуваат социјалната анксиозност, нападите на паника и депресија.


Во поголемиот број случаи луѓето велат дека анксиозноста доаѓа прва. Иако никој не може со 100-отстотна сигурност да каже зошто постои врската, повеќето размислувања одат во насока на потребата за чувствување контрола. За нарушувањата во исхраната можеме да размислуваме како за симптоми на анксиозноста.

- Кај анксиозноста и депресијата се работи за одредено губење на чувството на контрола. Можноста да имаме чувство на контрола над исхраната може моментно да ја намали анксиозноста - вели Пол Дејвидсон, психолог од Бостон.

Ограничувањето на количеството храна што се внесува, како кај анорексијата, особено дава чувство на контрола, сметаат експертите. Пациентите опишуваат дека се чувствуваат анксиозно и кога нешто земаат под своја контрола, односно ги ограничуваат калориите, и тоа е добро за нив. Кај булимијата и прејадувањето, претерувањето со храната може привремено да ја намали контролата, но и да даде моментна утеха поради лачењето хемиски супстанции по оброкот.

Анксиозноста и стресот прават мозокот да лачи кортизол, хормон на стресот. Храната со многу масти или јаглехидрати може привремено да ги отстрани овие негативни чувства. Луѓето со булимија преку предизвикување на повраќањето можат повторно да го воспостават чувството на контрола.

Како и секоја зависност, така и ова може да стане штетно за здравјето. Нарушувањата во исхраната водат до низа сериозни здравствени проблеми, а може да предизвикаат и смрт. Податоците покажуваат дека многу повеќе луѓе умираат од анорексија отколку од која било друга психолошка болест. Нарушувањата во исхраната можат да ја прикријат вистинската состојба, па не се занимаваме со другите ментални и емоционални проблеми.

- Поврзувањето на нарушувањата во исхраната и анксиозноста значи дека двете мора да се лекуваат заедно. За почеток, лекувањето може прво да ја вклучи исхраната за да се осигури хидрирањето на организмот и стабилната вредност на шеќерот во крвта - вели Дејвидсон.

Промените во исхраната можат да помогнат во управувањето со анксиозноста. Кога мозокот е лишен од правилна исхрана, тоа води до намалена способност за концентрација. Не можете внимателно да мислите, па мора да поработите на разбистрување на мислите.

Анксиозноста може да се лекува и со смирувачки техники, како вежби за дишење, медитација, визуализација и пишување дневник. Некогаш се потребни и лекови.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје