X
 17.12.2022 Здравје

Јапонија е земја на стогодишниците - тајната е во исхраната богата со јод

Во Јапонија има најмал процент на срцеви и мозочни удари, како и малигни заболувања и најниска смртност од ковид.

Но, за тоа не се пресудни само гените, бидејќи кога се преселуваат на запад, почесто се разболуваат, исто како и западните народи. Тајната за добро здравје и долг живот е во исхраната.

Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини.

Јодот е суштински минерал за одржување добро здравје. Како основен елемент на хормонот на тироидната жлезда, тој влијае врз повеќето метаболички процеси во телото и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Д-р Дејвид Дери вели дека јодот е најдобар антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаление предизвикано од бактерии и вируси, ова е важна информација. Имено, на секои 17 минути крвта рециркулира низ ткивото на тироидната жлезда, во кое доколку има доволно количество јод, ќе се уништат бактериите и вирусите.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно секојдневно да се консумира.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини.

Не постои опасност од внесување премногу јод бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десетпати повеќе од препораката на СЗО.

Најдобри извори на јод се алгите и морските риби. Затоа, треба да го следите примерот на Јапонците и да го зголемите внесот на јод преку храна и вода.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје