X
 06.10.2016 Живот

Каде ќе живеат наредните милијарда луѓе на Земјата?

Моментално на земјата живеат преку седум милијарди луѓе, а научниците предвидуваат дека популацијата до 2030 година ќе се зголеми на осум млијарди. Тоа е една милијарда повеќе за само 14 години.

  

 

 


Иако ова зголемување е глобално, сепак најизразено ќе биде во азиските и африканските земји.

Истражувачите изработиле видео на кое ги скицирале местата кои што се рангирани како “многу погодни“, “релативно погодни“ и “непогодни“, а ги претставуваат териториите каде што луѓето во иднина би можеле да се населат.

Жолтата боја ги означува многу погодните места за живот, светлата виолетова е резервирана за релативно погодните места, додека пак непогодните се обоени со сива боја.

Отфрлени од оваа скица се земјите прекриени со мраз, оние со високо ниво на вода и местата каде што живеат опасните видови на животни.

На тој начин дошле до неколку места кои се најпогодни за живеење, а делот од Централна Африка со доста природни ресурни е едно од нив.

Како се рангирани останатите предели од планетата Земја, погледнете на следното видео
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот