Во мај, веднаш по главните ТЕД-случувања, ТЕД- блогот направи неверојатна листа со книги како препорачани наслови од годинава. Овој
список е доволен за да ја пополните вашата лична резерва на книги за наредните неколку месеци.
Еве некои од предложените книги што се поделени на „фикција“ и „книжевност која ја презентира реалноста“, односно „нефикционални книги“. Овие наслови се многу интересни за читање оваа зима, без оглед дали ќе ги изберете за себе или за подарок.
Фикција
„The Handmaid`s Tale“ – Margaret Atwood
Дејството на овој роман се случува во блиска иднина и зборува за ужасната судбина на луѓето и преземањето на владата од страна на екстремна верска група во која доминираат мажи, а ги поддржуваат пасивни жени. Жените се потчинети, домаќинки и проститутки – сите се стока на располагање. Читањето на оваа книга го отвора прашањето: „Дали е ова предупредување за нашата иднина или станува збор за фантазија на писателот?!“
„The Silver Pigs“ – Lindsey Davis
Првиот дел од оваа детективска сторија се случува во древниот Рим. Оваа книга ќе ви помогне да разберете дека криминалот, корупцијата, полицијата и борбата против криминалот не се нов концепт.
„The Signature of All Things“ – Elizabeth Gilbert
Тема на овој роман е животот на непријатниот „женски филозоф“ која е родена во 1800 година. Ќе ви се отвори прозорецот во развојот на науката како професија во 19 век. Книгата е идеална за сите оние што се прашуваат како сме дознале сè за еволутивниот свет и искуството како да се стане научник.
„Five-Carat Soul“ – James McBride
Се работи за збирка кратки раскази поставени на разни убедливи места и временски периоди, толку креативни и богати, што навистина би било штета да ги пропуштите.
„1984“ – George Orwell
Се смета дека читањето на оваа книга би требало да стане задолжително, со оглед дека допира многу прашања што денес се актуелни. Манипулација со вести, несакан надзор се само некои од работите за кои сте свесни или не, а оваа книга ги има одговорите.
Нефикционални книги
„Modern Romance“ – Aziz Ansari – Eric Klinenberg
Ова е една од оние книги за кои постојано ќе размислувате и ќе ги цитирате. Добро истражен и провокативен поглед на историјата на романсите, додворувањето, бракот ставајќи го во контекст фантастичниот притисок кој нашите актуелни идеи го поставиле врз нашиот љубовен живот и врз партнерите. Ова е одлична книга за оние што се во брак, но и за оние што размислуваат за него.
„iGen“ – Jean M. Twenge
Ова е алармантна книга која зборува за генерациите родени по 1955 година, кои пораснале со мобилни телефони, „Инстаграм“ и другите апликации што ги нуди модерната доба. Документираните истражувања даваат одговор зошто денешните деца се побунтовни, помалку толерантни, несреќни и целосно неподготвени за да пораснат.
„Drop the Ball: Achieving More by Doing Less“ – Tiffany Dufu
Оваа книга е потсетник за тоа како жените успеваат да работат две работи и тоа со полно работно време, една надвор од дома – платена и другата дома – неплатена.
„The Power of Moments: Why Certain Experiences Have Extraordinary Impact“ – Chip & Dan Heath
И покрај насловот, оваа книга не е за моментите, се работи за тоа што создава моќни искуства и спомени. Може да ви помогне при планирањето на настаните на работа, но исто така и во плановите со семејството.
„Athena Rising: How and Why Men Should Mentor Women“ – W. Brad Johnson and David Smith
Ова секако е добар избор. Џонсон и Смит нудат совршен водич како да станете ментор кој им е потребен на жените.