X
 17.01.2018 Наука

Целиот познат универзум во една слика

Илустриран концепт на логаритамска скала од набљудувањето на универзумот со Сончевиот Систем во центарот – прекрасна слика на која се прикажани и внатрешните и надворешните планети, галаксијата Млечен Пат, Андромеда и други блиски галаксии. 

фотоизвор: Pablo Carlos Budassi

Сликата е креирана од музичарот и уметник Пабло Карлос Будаси, а е базирана на логаритамски мапи на универзумот составени заедно од страна на истражувачите од Универзитетот „Принстон“, како и од слики произведени од набљудувањата на НАСА.

Во изминатите 15 години се користел 2,5 метри долг оптички телескоп со широк агол, во опсерваторијата „Апачи“ во Ново Мексико, за да се создадат детални тродимензионални мапи од универзумот, меѓу кои и спектар со повеќе од 3 милиони астрономски објекти.

Логаритамските мапи се добар начин за визуализација на нешто што е огромно како универзумот. Мапите можете да ги погледнете на овој линк.

Сепак, Пабло Карлос Будаси одлучил да направи нешто поубаво. Решил да го прикаже универзумот како круг кога ги цртал сувенирите за роденденот на својот син, па со тоа всушност започнал да ги црта централните гледишта на космосот и Сончевиот Систем.

Подолу може да погледнете различна космичка визуализација креирана од астрономи од Универзитетот во Хаваи, а сликата на Будаси во оригиналната големина погледнете ја на овој линк.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука