X
 15.11.2022 Живот

Се будите непосредно пред алармот? Постои научно објаснување за феноменот

Дури и доколку сте од оние што сакаат да спијат наутро и тешко се будат, барем еднаш ви се случило да се разбудите непосредно пред да заѕвони вашиот аларм. Иако ова изгледа како случајност, научниците имаат објаснување за овој феномен.
Според научниците, нашите тела имаат чувство за време дури и кога спиеме. Со човечкото тело управува мрежа од нерви кои се наоѓаат во средината на мозокот. Нервите ги контролираат нашиот крвен притисок, телесната температура и чувството за време. Тие одлучуваат кога сте поспани, а кога сте наспани.

Телесниот часовник на секој човек реагира на рутина, а тоа може да се забележи најдобро кога легнувате и станувате во исто време секој ден. Важна улога во тоа игра и протеинот ПЕР, кој ги регулира циклусот на спиење и будноста. Нивото на тој протеин расте и паѓа во текот на денот. Тој е најнизок во текот на ноќта.

Научниците посочуваат дека доколку се придржувате на ист распоред на спиење, вашето тело ќе научи да се приспособи и да го зголеми нивото на протеинот ПЕР непосредно пред да се вклучи алармот. Тоа зголемување обично се случува околу еден час пред вклучувањето на алармот, според научниците.

Извор: Hocu
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот