X
 03.01.2023 Здравје

Спиењето подолго од 9 часа може да биде штетно за здравјето

Недостигот на сон е еден од главните проблеми со кои се соочуваат луѓето денес. Меѓутоа, ретко се зборува и за спротивното, односно хиперсомнијата. Таа се јавува кога лицето спие прекумерно, а тоа влијае врз неговиот организам.

- Не се препорачува долго да се спие. Спиењето повеќе од 9 часа има штетни последици врз здравјето бидејќи доведува до нарушување на сонот кое е еднакво негативно како и недостигот на сон - објаснува докторот Цезар Карбајо.

Во случај на депресија, еден од симптомите со кои се соочуваат луѓето е хиперсомнија, односно често и долго спиење. Долгото спиење може да доведе до дијабетес.

Спиењето подолго од 9 часа го зголемува и ризикот за кардиоваскуларни болести, прекумерна телесна тежина и нарушување на органите за исхрана.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје