Фото: YouTube/Printscreen
Погледнете како изгледа новиот кинески меѓународен аеродром што ќе почне со пробна работа во октомври 2019 година.
Инженерскиот проект ќе биде завршен во јули 2019 година, а пробната работа ќе започне три месеци подоцна.
Аеродромот, кој се наоѓа 46 километри јужно од центарот на Пекинг, е дизајниран да го намали притисокот на преполниот Меѓународен аеродром во Пекинг што се наоѓа во североисточното предградие.
Зградата на аеродромот, со површина од 313.000 квадратни километри, се состои од централен дел и пет краци, слично на феникс кој шири крилја.
Ќе има четири писти и 620.000 лета годишно. На годишно ниво ќе може да послужи до 100 милиони патници и 4 милиони товар.
Аеродромот е оддалечен 67 километри од Меѓународниот аеродром во Пекинг.