X
 22.01.2018 Живот

Kaко да се заштитите од бактерии и вируси во авион?

авион
Фото: Pexel

Се наоѓаме во средината од сезоната на грип и секој знае дека најголема е шансата да добиете грип токму во авион.

Дишите воздух со многу луѓе, што значи дека постои добра шанса ако некој во близина е болен, и вас да ве зарази. Авионите секогаш се полни со бактерии, но во текот на студените месеци и во текот на сезоните на грип бактериите се уште полоши.

Секако, постојат неколку работи што можете да ги направите за да не ја префатите болеста.

Изберете седиште покрај прозорецот

Седењето покрај патеката значи полесен пристап до бањата, меѓутоа, значи и полесен пристап до бактериите на секоја личност што се движи по патеката. Во најмала рака ќе бидете изложени на бактериите на секој човек што се качува во авионот и оди по патеката. Седиштето покрај прозорецот ја намалува фреквентноста на луѓето, што може да значи и одредена одбрана од грипот.

Почекајте да се качат другите


Овој период не е добро да чекате ред во група затоа што така најлесно се пренесуваат бактериите. Почекајте луѓето да се качат, па откако ќе се намали метежот, може да се качите и вие.

Останете хидрирани

Вашата најдобра одбрана против бактериите се мукозните мембрани во носот и во устата. Кога ќе почнат да се сушат, полесно е да се заразите од респираторен вирус. Затоа добро е со вас да имате мало шише назален спреј за да го мачкате носот.

Вклучете го вентилаторчето над вашата глава

Вентилаторот ја подобрува циркулацијата на воздухот и може да ги отстрани бактериите што доаѓаат во вашата околина.

Избришете сè што планирате да допирате

Избришете го сето она што планирате да го допирате во текот на летот, особено масичката.

Личноста што седела пред вас на вашето седиште сигурно ставала многу работи на местото каде што сега седите вие. Користете антибактериски марамчиња за бришење на масичката, потпиралките за рацете и за појасот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот