X
 23.01.2018 Живот

Исповед на тинејџерот што стана милионер без ничија помош


Бен Тауерс
(Фото: Twitter)


Бен Тауерс има навистина неверојатна животна приказна. Почнал да се занимава со веб-дизајн во својата соба уште како момче. Сè му одело добро, но како што му растел бизнисот, така почнале и проблемите на училиште.

„Сите коментираа. Не би рекол дека тоа беше врсничко насилство, барем не во онаа форма каква што им се случува на некои, но се работеше за постојани обиди да ме понижат и да ме уништат. Ме нарекуваа бизнисбен и ми кажуваа слични работи. Неколку пати си одев дома расплакан“, раскажува овој тинејџер.

И покрај задевањата од врсниците, тој го развивал својот бизнис со помош на веб-сервиси како People per Hour. Клиентите никогаш не го прашале за неговата возраст, им се чинело дека е уште еден професионалец што обезбедува дигитални услуги.

Кога навршил 14 години, веќе имал еден вработен во компанијата. Само две години подоцна имал своја канцеларија во Лондон, а сега влегува во мултимилионско припојување на својата компанија.

Бен сè уште е типичен тинејџер. Го слуша Ед Ширан, живее со своите мајка и сестра, гледа фудбал и излегува со своите другари. Единствен каприц досега му е купувањето ново „ауди А3“.




„Татко ми е дизајнер, а мајка ми работи во државната здравствено-социјална служба, но и двајцата се трудат да ме држат цврсто на земја. Не трошам многу, нема да излезам од колосек“, вели Бен.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот