Сакате да знаете колкави се вашите шанси да станете милионер? Тие не се големи доколку сте афро-американец во САД.
„Bloomberg news“ пресметува колкави се шансите да се стане милионер за секој во САД, врз основа на нивната возраст, образование и раса.
Од овие три карактеристики, расата се покажала како доминантна во однос на вредноста на човекот. Така, најголеми шанси имаат азијатите, а најмали афро-американците.
Сепак, образованието помага многу кај секоја од расите. Така, шансите за станување милионер се најголеми за оние со магистерска диплома.
Во прилог на азијатите оди дури и времето. Азијат помлад од 40 години има 2,4% шанси да стане милионер, додека за афро-американците, овој процент изнесува околу 1%.