Во Карпестите планини во САД се крие богатство, доколку му верувате на милионерот Форест Фен. 84-годишникот тврди дека скрил ковчег полн со злато и накит вредни милиони долари во планината пред пет години.
За местото кадешто е скриено богатството тој оставил тајни траги во својата книга „The thrill of the chase“. Досега во потрагата по богатството тргнале десетици илјадници луѓе и никој не успеал да го пронајде.
Милионерот Фен отсекогаш бил авантурист, а идејата за криење богатство ја добил во 1988 година, кога добил дијагноза за рак на бубрегот. Му било кажано дека има мали шанси за живот, па започнал да размислува за креативни начини на кои би го споделил своето богатство.
Тој го третирал ракот и сè уште живее со него, но богатството кое го оставил сè уште стои скриено.
Се проценува дека вредноста на богатството е најмалку 2 милиони долари.