Патувањето речиси целосно беше стопирано за време на пандемијата, но сега многумина повторно почнуваат да патуваат. Компанијата „Ербиенби“ сака уште повеќе да ги поттикне сите да патуваат, а со таа цел претставила програма во која 12 среќници ќе може да живеат бесплатно во сместувања што се нудат на платформата низ светот цела година. Компанијата ќе додели и грант за патување.
Програмата ќе почне во јули годинава и ќе трае до јули следната година, а одбраните лица ќе добијат тренинг од вработените во компанијата пред да тргнат на патувањето во септември. Пријавувањето е до 30 јуни.
Фото: Pixabay
Учесниците во програмата ќе треба да ги споделат своите искуства со компанијата за да ѝ помогнат да воведе подобри иновации во иднина. Поради пандемијата, сè повеќе луѓе сакаат да работат на далечина, а според извештај на компанијата, 74% од нејзините корисници покажуваат интерес за живот на локација различна од местото на кое е лоциран нивниот работодавец. На платформата стануваат попопуларни подолгите престои.
На огласот може да се пријавуваат лица на возраст од 18 години што живеат во Аргентина, Австрија, Австралија, Белгија, Канада, Чиле, Кина, Данска, Дубаи, Франција, Германија, Хонгконг, Ирска, Индија, Италија, Јапонија, Малезија, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Русија, Сингапур, Јужноафриканска Република, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајван, Тајланд, Велика Британија или САД.
Пријавувањето се прави
овде.
Извор:
Fast Company