„Вај-фај“ и другите бесплатни воздушни електромагнетни бранови долго време се предмет на сомнителни штетни здравствени ефекти. Некои дури веруваат дека на некој начин се алергични на „вај-фај“.
Необјаснети главоболки, вртоглавица, па дури и иритација на кожата се симптомите што започна да се припишуваат на преголемата чувствителност од електромагнетните полиња. Состојбата го доби името Синдром на електромагнетна хиперсензитивност или скратено EHS. Состојбата е карактеризирана од Светската здравствена организација.
Неодамнешен случај на 15-годишно девојче од Велика Британија покажува дека тоа извршило самоубиство поради изложување на „вај-фај“ сигнали. Нејзиното семејство тврди дека сигналите во нејзиното училиште предизвикувале таа физички да се чувствува лошо бидејќи добивала заслепувачки главоболки. Толку биле лоши, што не можела воопшто да се концентрира.
Друга анкета е спроведена на луѓе што тврдат дека страдаат од горенаведениот синдром, па имаат физички симптоми како главоболки и изнемоштеност, кои се појавуваат секогаш кога се изложени на таквите сигнали, како на пример региони со слободен „вај-фај“ пристап, компјутерски екрани, па дури и мобилни телефони. Исто така, тврдат дека кога ќе се оддалечат или ќе ги отстранат сигналите, чувствувале олеснување.
Светската здравствена организација го карактеризира синдромот како низа на неспецифични симптоми кои произлегуваат од изложеноста на една индивидуа на електромагнетни бранови. Најчесто се вклучени дерматолошки симптоми, потоа измореност, вртоглавици, проблеми со концентрација, мачнина, проблеми со варење. Колекцијата на симптоми не е дел од некој признаен синдром и уште не се смета за медицинска дијагноза.
Сепак, нема научна основа за да се поврзат симптомите на синдромот со изложеноста на електромагнетните фреквенции. Симптомите варираат од лице до лице, но во основа се генерални и општи. Тоа може да е индикација за низа причини и фактори. Во спроведените анализи и тестирања поголем дел од индивидуите што пателе од синдромот не можеле да ја детектираат изложеноста на сигналите, исто како и оние што го немаат тој проблем, што значи може да се каже дека се работи и за психосоматска појава.
На вакви симптоми се жалеле повеќе од 1.000 луѓе. Научниците сепак сметаат дека оние што навидум имаат алергиска реакција на сигналите се всушност болни од нешто друго, кое треба да биде утврдено, а е или од психосоматска природа или од друг „загадувач“ на средината. Можно е да се работи за уверување на индивидуата дека е алергична на сигналите, па самото тоа убедување да доведе до вистински физички
симптоми. Страдањето што луѓето го доживуваат е навистина реално, само треба да се утврди точно дали тоа се случува поради електромагнетните сигнали.