X
 26.01.2018 Живот

Мистериозен ракопис пронајден во копија од „Алиса во Земјата на чудата“

rakopis
Фото: Lorraine Smith

Кога чуден документ се појавил во нејзината продавница, Австралијката Лорен Смит од продавач се претворила во детектив.

Детективската приказна почнала во нејзината книжарница за книги од втора рака во Варнамбол, Австралија, кога клиент ѝ донел мистериозен документ што се криел во стара копија од книгата „Алиса во Земјата на чудата“. Клиентот го пронашол документот додека разгледувал низ книжарницата.

Горниот дел на документот бил пресечен цикцак, а подолу имало ракопис на јазик што не изгледал како англиски. Документот не бил хартија, туку некој погруб вид пергамент. Лорен не можела да го прочита текстот, меѓутоа, на дното имало препознатливи броеви - 1583.

„Може да се каже дека станува збор за многу стар ракопис. Не знаев што да правам со него“, вели Лорен.

Нејзината ќерка Карин имала идеја. Документот го однела на Универзитетот во Квинсленд, поточно на професорка за рана модерна историја. Професорката потврдила дека документот датира од 16 век, повеќе од 200 години пред Британците да пристигнат во Австралија. Меѓутоа, Лорен ја интересирало што пишува во документот, кој бил оригиналниот сопственик и како документот се најде во Австралија.

2

Фото: Lorraine Smith

Копијата од „Алиса во Земјата на чудата“ дошла од локалната Армија за спас, така што не дала посебни информации. Но документот имал уште неколку индикации. Цикцак-врвот индицирал дека станува збор за правен документ. Пишуваното во него, иако било тешко да се дешифрира, било рана форма на современ англиски јазик, а опишувал трансфер на земјиште помеѓу две семејства, Попелеј и Еплјард, кои живееле во малото место Гилдерсом во Западен Јоркшир, Англија.

Лорен успеала да пронајде потомок на Еплјард, Брајан, кој сега има 80 години и живее во Перт, Западна Австралија.

„Кога го најдов, ентузијастично му испраќав е-пораки со слики од документот“, вели Смит. Но Еплјард бил скептичен бидејќи имал информација дека документот бил уништен во пожар во хемиска продавница.

3
Фото: Lorraine Smith

„Имало пожар во хемиската продавница, меѓутоа, документот не бил таму“, вели Смит.

Смит напишала приказна за нејзината потрага, испреплетена со приказните на трите семејства, во нејзината книга „Патување на изгубениот ракопис“. Како дел од нејзиното истражување, Смит патувала до Гилдерсом за да ја пронајде земјата опишана во делото. Гилдерсом сè уште е мало селце со 5.800 жители. Не постојат постари податоци од земјиштата од 1583 година, па затоа не можела да ја најде точната парцела.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот