X
 11.03.2015 Култура

Тајните за среќен живот на Толстој

За уметноста на животот може да се научи многу од „Војна и мир“ на Толстој. Тука се прикажани човековите лудости, сексуалната љубомора и семејните односи. Исто така, можеме да научиме многу и од самиот автор.

Толстој (1828-1910) бил роден во богато семејство со стотина слуги. Неговата младост била исполнета со развратност, неморал и насилство. Постепено, тој го отфрлил овој начин на живот и започнал да живее на начин кој ги шокирал неговите современици. Како неговиот живот може да ни помогне да ја преиспитаме сопствената филозофија на животот.

Слободоумност

Една од најдобрите таленти на Толстој била неговата способност и подготвеност да го промени ставот врз основа на новите искуства. Тој бил сведок на ужасно крвопролевање додека бил дел од Кримската војна во 1850-те години. Ова искуство го претворило во пацифист. Тој станал противник на државата и нејзините закони, верувајќи дека владите се брутални, но и во служба на богатите и моќните.

Сочувствителност

Толстој покажувал невообичаена способност за сочувствување, ставајќи се во кожата на луѓето чиишто животи биле многу различни од неговиот. Во 1860-те, тој облекол селска облека и започнал да работи на својот имот. За луѓето од иста класа како него, ова било неверојатно. Толстој сметал дека никогаш не може да разбереме некого додека самите не го искусиме истото.

Правење добри дела

Толстој престанал да ја пишува „Ана Каренина“ цела година за да организира помош за гладните. Тогаш тој изјавил дека „не може да се одвои од живите суштества за да се занимава со измислените“.

Едноставен живот

По нервниот удар кон крајот на 1870-те, Толстој ја отфрлил сета организирана религија, вклучувајќи ја и православната црква со која пораснал. Тој прифатил револуционерна гранка од Христијанството основана на духовното и материјално воздржување. Престанал да пие и пушти и станал вегетаријанец.

Чување од сопствените контрадикции

Неговиот нов, едноставен живот имал свои борби и контрадикции. Толстој е познат по тоа што проповедал универзална љубов, но сепак, секогаш имал кавги со својата сопруга. Освен тоа, тој никогаш не се откажал од своето богатство и секогаш живеел во огромна куќа со слуги. На почетокот на 1890-те, тој се одрекол од авторските права на голем дел од своите дела, жртвувајќи цело богатство.

Имајте многу различни пријатели

Најважната животна лекција од Толстој е да сфатиме дека најдобар начин за преиспитување на своите претпоставки и предрасуди се постигнува со присуството на луѓе со различни ставови и животи. Ние не можеме да видиме дали нашите ставови се перверзни, неправедни или неточни доколку околу нас има само слични луѓе како нас.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура