X
 04.02.2023 Живот

Мартин Лутер Кинг: „Мора да научиме да живееме заедно како браќа или да загинеме заедно како будали“

Солидарноста не претпоставува дека нашите борби се исти или дека нашата болка е истата болка, или дека нашата надеж е за истата иднина. Солидарноста вклучува посветеност и работа, како и признание дека дури и ако ги немаме истите чувства или истите животи, или истите тела, живееме на заедничка почва.

- Можеме да поместиме планини кога сме обединети и кога уживаме во животот. Без единство, ние сме жртви - Бил Бејли.

- Првиот чекор во еволуцијата на етиката е чувството на солидарност со другите човечки суштества - Алберт Швајцер.

- Нашиот свет и нашите животи стануваат сè повеќе меѓузависни, па кога ближниот е повреден, тоа влијае и врз нас. Затоа, мораме да ги напуштиме застарените поими за „тие“ и „ние“ и да размислуваме за нашиот свет многу повеќе во смисла на големо „НИЕ“, поголемо човечко семејство - далај лама.

- Не треба против расизмот да се борите со расизам. Најдобриот начин за борба против расизмот е солидарноста - Боби Сил.

- Не постои стабилност без солидарност и солидарност без стабилност - Жозе Мануел Баросо.

- Нашата вистинска националност е човештвото - Х. Г. Велс.

- Мора да научиме да живееме заедно како браќа или да загинеме заедно како будали - Мартин Лутер Кинг Џуниор.

- Нема вистински мир без праведност, вистина, правда и солидарност - папата Јован Павле Втори.

- Семејството е градежен материјал за каква било солидарност што постои во општеството - Вилијам Ракелсхаус.

- Се наоѓаме во момент од човековата еволуција кога солидарноста на глобално ниво е апсолутно витална за опстанокот на човечкиот вид. Тоа значи разбирање дека сите ние сме сожители на оваа планета - Петра Кели.

- Не можете секогаш да барате солидарност од другите, а потоа сами да одбиете да ја покажете - Мартин Шулц.

Извор: Azquotes.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот