Фото: YouTube/Screenshot
Планината Рораима се наоѓа на границата на Венецуела, Бразил и Гвајана, и е највисокиот ланец на висорамнина во Јужна Америка.
Највисокиот врв - Маверик Рок, се издгнува на 2.810 метри надморска височина. Планината се наоѓа во националниот парк Канаима, а се верува дека е една од најстарите геолошки формации на Земјата, односно дека е околу две милијарди години стара.
Иако за Рораима пишувал англискиот истражувач сер Волтер Ралеј кон крајот на 16-от век, таа не е добро истражувана. За неа се врзани голем број митови и легенди и игра голема улога во духовниот живот на индијанското племе Пемон. Исто така, пред една деценија започнало геолошкото истражување на необични израстоци на ѕидовите на нејзините мистериозни пештери.
На Рораима врне дожд речиси секој ден, поради што станала дом на неколку интересни растителни и животински видови. Во ниската вегетација може да се најде месојадното растение Хелиамфора, како и заштитените ендемични видови на краставата жаба.
Се верува дека токму оваа планина и нејзината спектакуларна околина била инспирација за популарната научно-фантастична приказна „Изгубениот свет“ за диносаурусите што Артур Конан Дојл ја објавил во 1912 година.
Оваа планина денес е омилена дестинација за планинарските ентузијасти. Иако
патот до платото е добро означен, лесно е човек да се изгуби во нејзините бројни патеки обвиткани во темни облаци.