X
 06.02.2015 Образование

Големите митови во врска со образовните системи

Човекот одговорен за меѓународните тестови „Писа“ за образовните системи во светот и нивната ефективност, Андреас Шлејчер, посочува кон големите митови кои светот ги знае за успешните образовни системи.


Посиромашните ученици се полоши ученици

Наставниците ширум светот се обидуваат да ја намалат разликата помеѓу сиромашните и побогатите во своите училници. Сепак, се чини дека нема потреба од ова. Резултатите од тестовите „Писа“ покажуваат дека оние 10% најсиромашни тинејџери во Шангај се подобри во математика од 10% најпривилегирани ученици во САД и повеќе европски земји. Децата кои живеат во слична околина може да покажат сосема различни резултати на училиште.

Земјите со имигранти имаат полоши резултати

Резултатите од тестовите покажуваат дека не постои врска помеѓу процентот на ученици имигранти и резултатот на меѓународниот тест на таа земја. Дури и учениците со исто минато може да покажат различни резултати на училиште. Поголема разлика прави местото каде се оди на училиште отколку местото откаде се доаѓа.

Се' е до парите

Јужна Кореја, најдобрата земја во поглед на резултатите од тестовите по математика, троши многу повеќе од просекот во светот за секој ученик. Светот повеќе не е поделен помеѓу богатите и образовни земји и сиромашните и необразовните. Успехот во образовните системи повеќе не е одреден од големината на буџетот, ами од начинот на кој се троши тој.



Помали класови за поголеми стандарди

Секаде, наставниците и родителите претпочитаат помали класови за да се обезбеди подобро образование. Меѓутоа, тестовите „Писа“ покажуваат дека не постои врска помеѓу големината на класовите и ефективноста на часовите. Наместо инвестирање пари во ова, земјите би требало да инвестираат во платите на наставниците и нивниот постојан професионален развој, како и балансот во работното време, вели Шлејчер.

Академска селекција за повисок стандард

Иако многумина сметаат дека селекцијата е неопходна за да се добие највисок стандард во образованието, тестовите покажуваат дека тоа воопшто не е точно. Не постои врска помеѓу квалитетот на учењето и еднаквоста помеѓу изведбата на учениците.


Дигиталниот свет бара нови предмети и наставни програми

Глобализацијата и технолошката промена имаат големо влијание на она што треба да го знаат учениците. Модерниот свет не не' наградува за она што веќе го знаеме, ами за она што може да го направиме со тоа што го знаеме. Секој има пристап до интернет и може да научи нешто за неколку минути. Битно е како ќе се искористи тоа знаење.

Успехот е до талентот

Многу психолози пишувале дека успехот на ученикот е резултат од вродената интелигенција, не напорната работа. Резултатите од „Писа“ покажуваат дека ова е погрешно мислење. Значителен број студенти во западниот свет имаат поголема корист од чистата среќа отколку напорната работа или интелигенцијата за да успеат во математиката или науката.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование