X
 19.02.2018 Забава

Ништо од продолжението на „Песна од мраз и оган“ во 2018?

Џорџ Р. Р. Мартин, автор на серијата романи „Песна од мраз и оган“ според кои е снимена ТВ-серијата „Игра на троновите“, изјавил дека долгоочекуваното шесто продолжение на серијалот најверојатно нема да биде објавено до крајот на 2018 година.

фотоизвор: The Independent

Во одговорите за фановите на својот блог Мартин неодамна напишал дека продолжува со својата работа на енциклопедијата за „Оган и крв“, чиј прв дел ќе биде објавен пред „Ветровите на зимата“.

Романот „Оган и крв“ ќе се состои од два дела. Првиот дел ќе биде објавен пред „Ветровите на зимата“, а вториот дел од романот потоа, напишал Мартин.

Инаку, тој на својот блог во јануари минатата година напиша дека не напишал многу, но сепак напредува и книгата би требало да биде објавена до крајот на 2017 година. За жал, тоа не се случи.

Фановите во меѓувреме ја чекаат осмата и последна сезона на „Игра на троновите“, која на малите екрани најверојатно ќе почне да се прикажува во 2019 година.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава