X
 09.02.2019 Живот

Статус на српски психотерапевт предизвика солзи кај многу луѓе

Човек умира толку пати колку што ќе ги изгуби своите најблиски - вели римскиот мислител Пубилиј Сир.

Никогаш не сме подготвени за губењето на сакана личност, но ако барате малку светлина во размислувањето за тие тешки моменти, минливоста и бесмисленоста на животот - можеби ќе ги пронајдете во статусот на психотерапевтот Владимир Ѓуриќ.

- Пред некој ден една колешка ми рече дека не може долго време да го држи казнет нејзиниот лабрадор. Едноставно не може да издржи да го гледа неговиот поглед кога знае дека секој ден од неговиот живот е драгоцен, бидејќи живеат многу кратко... Затоа и го има најразгалениот и најсимпатичниот лабрадор на светот. Колку тажна вистина. Единствена потажна вистина од оваа кучешката е дека и нашите сакани исто така живеат премногу кратко.

status
Фото: Printscreen


Секој психотерапевт, за жал, добро го знае тоа. И тоа е едноставно така. Единствената шанса да има смисла овој бесмислен живот е да ги сакаме нашите луѓе, многу и силно, додека имаме можност за тоа.

Да ги разгалуваме...
Да им угодуваме...
Пријатно да ги изненадуваме...
Да ги правиме нашите мали ритуали...
Да се смееме и глупираме... онака како што ние сакаме...
Да им купуваме и да им го приготвуваме баш она што тие сакаат да го јадат...
Да ги носиме онаму каде што сакаат да бидат...
Да им ги простуваме грешките...
И да не се лутиме предолго...
Да не правиме ништо... заедно...
Бидејќи, животот минува за час...

И тие емотивни инвестиции се единствен начин, кога ќе ги нема, да имаме макар сеќавања на нашите мали магични моменти.

На крај, ова е можеби единствениот начин да победиме во оваа игра осудена на пораз... Животот сигурно ќе ни донесе падови...

Тоа е просто така и никој не е имун на несреќата. Ние треба да се потрудиме да создадеме висина, а не постои ништо повозвишено од љубовта.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот