X
 23.02.2018 Живот

Бил Гејтс купил две „луди работи“ кога станал милијардер

гејтс
Фото: Getty Images

Основачот на „Мајкрософт“ и на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ е второто најбогато лице во светот со проценета сума од 91,8 милијарда долари.

Гејтс официјално станал милијардер кога имал 31 година - најмладиот милијардер во историјата, во тоа време. Меѓутоа, и покрај тоа што имал многу пари, Гејтс не трошел многу.

„Немам многу работи од екстравагантен вкус, така што можам да речам дека не сум многу променет“, рече Гејтс додавајќи дека неговата главна грижа во тоа време била да ги плати сите вработени.

„Значи не си рековте: ’Ќе си купам порше?‘“, го праша Елен.

„Да, да. Toa беше задоволување, така што на крајот за потребите на моите патувања добив авион, што е огромно задоволство затоа што ги имам и двете“, вели тој.

„Значи имате порше и авион, и тоа е тоа?“, праша таа.

„Во поглед на луди работи, да“, рече тој и додаде дека има трамбулина-соба во неговиот дом, вреден 125 милиони долари во Медина, Вашингтон.

„Во нашата куќа имаме трамбулина-соба. Децата ја сакаат. Внатрешна трамбулина - топло ја препорачувам“, рече тој.

Ваков животен стил не е изненадување кога станува збор за Бил Гејтс. Тој и неговата сопруга Мелинда се фокусирани на филантропијата. Во 2016 година тие донирале 2 милијарди долари за каузи поврзани со глобалното здравје и развој на американското образование.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот