X
 06.03.2018 Култура

Сакате „Гугл“ да ве заборави? Е, па, не сте единствени!


„Гугл“ пребарувач на компјутер
(Фото: Pixabay)


Гигантот „Гугл“ е застапен на речиси секој компјутер што има пристап до интернет. Благодарение на законот за права на дигитална приватност што го воведе Европската Унија во 2014 година за пребарувачките страници, компанијата мора строго да води сметка за својот пристап до жителите на Европа.

Овој понеделник е објавен извештајот за тригодишното спроведување на тој закон.

Според статистиката, „Гугл“ доби исклучително висок број барања за бришење од својот индекс на страници – повеќе од сите други компании присутни во Европа.

Од 2014 до 2017 година „Гугл“ примил околу 2,4 милиона такви барања, од кои само 43 отсто ги процесирал.

Околу една третина од избришаните лични информации е поврзана со некоја трага на социјалните мрежи, а 20 отсто од луѓето барале бришење на правни документи (како споменување во владини листи или криминални извештаи).

Извештајот, исто така, укажал на тоа дека голем број барања доаѓаат од релативно мал број извори.

Кој бара приватност?

На пазарот се појавила нова услужна дејност што се занимава со зачувување на приватноста и бришење податоци од вебот. Иако мнозинството барања и натаму пристигнуваа од приватни корисници, сè поголем број доаѓаат од јавни лица, славни луѓе и политичари.

Од Франција, Германија и од Велика Британија доаѓаат 51 процент од барањата за бришење, додека 1.000 барања стигнуваат од 15 отсто вкупни извори, што укажува на тоа дека голем број барања доаѓаат од компании како правни канцеларии и сл.

Од приватни лица пристигаат 85 отсто од барањата, а од малолетници 5 отсто. Во последните две години јавни личности што не се поврзани со политика бараат бришење на 41.213 страници, додека политичари од 33.937.

Иако 2,4 милиона барања за отстранување на страници од листата не звучи како голем број во споредба со милијарда страници што ги препознава „Гугл“ и ги забележува секојдневно, треба да се има предвид дека сите овие страници содржат информации за лица што сакаат да се скријат од системот за пребарување.

Борбата за регулација го довела „Гугл“ до суд, а целата приказна добила дополнителна длабочина во вид на расправа што требало да биде достапна за широката јавност. Ова особено важи за правниот процес во Франција, каде што властите барале бришење на индексот на страници на глобално, а не на локално ниво.

Правната битка на „Гугл“ против француските регулатори достигнала нов врв кога била доведена до највисокиот суд во Европската Унија.

Целиот извештај можете да го прочитате тука.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура