X
 22.07.2018 Технологија

„Гугл“ поставува кабел под Атлантикот

Американската компанија „Гугл“ најави поставување на трансатлански подводен кабел од Франција до Вирџинија.

Од компанијата соопштија дека крајна точка на подводниот кабел ќе биде во континенталниот дел на САД, поточно во Вирџинија Бич и дека се очекува тој да почне да се користи во 2020 година.

Проектот, како што велат од „Гугл“, со проширената мрежа ќе овозможи подобро опслужување на корисниците, со оглед на тоа дека сообраќајот преку Атлантикот е меѓу најпрометните.

Проектот го носи името на иноваторот Анри Динан, првиот добитник на Нобеловата награда за мир и основач на Црвениот крст.

Минатата година првпат беше пуштен во употреба подводниот кабел меѓу Вирџинија Бич и Билбао во Шпанија, кој е резултат на заеднички проект меѓу „Мајкрософт“, „Фејсбук“ и глобалната телекомуникациска компаниjа „Телкиус“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија